Достапни линкови

Буџетот за 2004 година 57 милијарди денари а инфлацијата до три насто


Банкарскиот систем во Македонија е стабилен и граѓаните не треба да стравуваат за своите штедни влогови депонирани во финансиските институции, е коментарот на првиот човек на ММФ за Македонија Франек Розвадовски, апропо минатонеделната изјава на министерот за финансии Никола Поповски дека финансиската ситуација во една банка во Македонија е критична:

„ММФ не се фокусира на поединечни банки, туку на целиот банкарски систем за кој тврдам дека е стабилен. Без разлика како би се решил случајот со Македонска Банка, штедачите од оваа банка нема да бидат загрозени во ниту еден момент,“

тврди Розвадовски.

„Не би сакал да одам во детали за Македонска Банка, но тоа што е вистина е дека во тек се разговори за решавање на проблемот, што нема да ги погоди штедачите.“

Решавањето на проблематичните банки е еден од условите преземени со програмата за „стенд-бај“ аранжман. Розвадовски во следните три дена ќе треба да утврди, колку од договореното е спроведено и тоа што е побитно во овој краток период ќе мора да се дефинира рамката на буџетот за 2004 година. А, договорено е државната каса да се крои според следните економски параметри: раст на БДП од 4 насто, стапка на инфлација од 2.5 до 3 насто и намалување на масата за плати во 2004-та за четири насто.

„Дефицитот ќе биде на ниво како што е договорено, или 0.9 насто од централниот буџет, односно 1.2 проценти пресметано со фондовите,“

вели Розвадовски.

На најавите на министерот за финансии Никола Поповски дека од 1-ви април, кога истекува постојниот аранжман, од ММФ преговарачите ќе бараат продолжување на „стенд-бај“ аранжманот за дополнителни 6 месеци, или активирање на нов ЕФАФ аранжман, Розвадовски со коментар:

„Важно е со владата да се постигне договор за спроведување на јака политика. ЕФФ е тригодишна програма и за да се договориме со владата за вакво нешто ние мора да видиме каква политика е решена владата да спроведува во следните три години,“

е ставот на Розвадовски.

Во наредните денови со ММФ преговарачите, Поповски најави отворање на прашањето за конвертибилните сертификати, во контекст на проширување на нивната употреба, што барем до сега, од ММФ се отфрлаше како возможно решение. А, нема да бидат заобиколени и реформите во здравството, за што оценките во Вашингтон се негативни.
XS
SM
MD
LG