Достапни линкови

Можност за раководење на комисиите на албански јазик


ДУИ ќе побара промена на деловникот на собранието и со тоа да им с овозможи на пратениците Албанци кои раководат со одредено собраниски комисии истите да ги водт на албански јазик, а не на македонски како што е сега, вели пратеникот Хисни Шаќири кандидат за потпретседател на собранието.

„Не треба да дозволиме деловникот да биде во спротивност со Уставот. Во сегашниот деловник во членот 3 се предвидува – пратеникот да има права да расправа односно дискутира на јазикот кои ко зборуваат повеќе од 20 посто од населението, додека во Уставот и Охридскиот договор стои дека пратеникот има право да се обрати на собранието на јазикот кој зборуваат повеќе од 20 насто од населението. Овие пропусти се направени за време на мандатот на ДПА и ВМРО ДПМНЕ,“

изјави Хисни Шакири кој додаде:

„Овој проблем треба да се реши и ДУИ ќе работи во таа насока.“

Пратеникот Иљаз Халими од ДПА кој до сега не прифаќа седницита на Комисијата за труд и Соцјална политика да ги води на македонски јазик вели:

„Пратениците на ДУИ исто така во почетокот почнаа да зборуваат на албански јазик, меѓутоа во меѓувреме се постигна договор меѓу Ахмети и Црвенковски, претседателите на комисиите да ги водат седниците на македонски јазик, нивните пратеници го променија ставот. Значи, не бил проблем содржината на членот 3 на Деловникот за работа донесен во времето на ДПА, туку нивниот коалиционен договор.“

Договорот меѓу коалиционите партнери СДСМ, ДУИ и ЛДП по однос на претседавањето со седниците само на македонски јазик беше постигнат откако владата го пифти барањето на ДУИ и на насловната страна на пасошот да се употребува албанскиот јазик доколку тоа биде побарано од граѓаните.

ВО СДСМ коментирајќи ги најавите од ДУИ за промена на собранискиот деловник велат ова прашање за нас е затворено:

„Хисни Шаќири е во право само кога вели дека деловникот до крај не ги формулира работите. А дека деловникот е во спротивност со Рамковниот договор и со Уставот не се согласувам. Ставот на ДУИ и оној што го искажа Хисни Шаќири доколку стигне до СДСМ ќе го разгледаме, иако сметаме дека за нас ова е условно затворено прашање и воопшто немаме потреба по една временска дистанца на успешно функционирање на парламентот и комисиите повторно да отвораме веќе затворени прашања.“

изјави портпаролот на СДСМ Игор Ивановски.

И Борис Кондарко претседател на комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања со став:

„Ние го решивме тоа, така што тоа веќе не е спорно.“
XS
SM
MD
LG