Достапни линкови

Брисел: Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ


Шефовите на дипломатиите на Европската Унија на дводневниот состанок, што почнува денеска во Брисел, ќе се фокусираат на состојбите на Блискиот Исток и во Ирак. На средбата ќе учествува и израелскиот министер за надворешни работи Силван Шалом кој, како што се дознава, ќе ја пренесел израелската загриженост за порастот на антисемитизмот во Европа. Според неодамнешните анкети, европејците се изјаснија дека Израел претставува најголема закана за светскиот мир. На евро министерскиот состанок во Брисел утре ќе учествува и американскиот државен секретар Колин Пауел.
XS
SM
MD
LG