Достапни линкови

logo-print

Трет неуспешен обид за избор на претседател


Србија, по трет пат за нешто повеќе од една година, вчера не успеа да избере претседател. Причината, како и во претходните две гласања, е слабиот одѕив на избирачите. Со вчерашните резултати, според посматрачите, Србија влегува во политичка криза.

Неуспешните избори ја оставија Србија во институционален вакуум. Собранието беше распуштено во минатата недела, бидејќи парламентарнтото мнозинство ја загуби поддршката и сега нема кој да распише нови претседателски избори. Оние пак, за парламентот треба да се одржат на дваесет и осми идниот месец. Вчерашните изборни резултати, како што оцени заменик премиерот Жарко Кораќ, се трагедија за Србија.,,Влегуваме во опасна и драматична фаза за нашата иднина,, изјави Кораќ во врска со слабиот одѕив, но и со извесната победа на претседателскиот кандидат на ултра националистите. Според првичните резултати, на изборите излегоа околу триесет и девет проценти од шест ипол милионското гласачко тело, што е многу помалку од потребните пеесет насто за тие да бидат валидни. Од оние што излегоа четириесет и шест проценти се изјасниле за пеесет и едно годишниот Томислав Николиќ од Радикалната партија која долго време му беше сојузник на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ. Продемократскиот кандидат Драгуљуб Мичуновиќ кој доби триесет и пет проценти веднаш по изборите оцени дека ваквиот исход се должи на поделеноста на демократските сили во Србија. ,,Со распадот на ДОС, тие сили се најдоа во иста ситуација како из времето на Милошевиќ, разбиени,, рече Мичуновиќ. Имено, двете политички групи Демократската партија на Србија и прореформското лоби Г седумнаесет дури ги повикаа гласачите да не излегуваат на изборите. Вчерашното изјаснување го зголеми страхувањето дека Србија би можела да се најде во институционален хаос. Аналитичарите велат дека не изборот на претседател е поради разочараноста на србите во власта која не успеала да обезбеди економски прогрес на земјата. Политичарите го добија она што го заслужија, вели Стејпан Гредељ, независен аналитичар кој ги следеше вчерашните избори. Поради забележливата поддршка на ултранационалистите премиерот Зоран Живковиќ ги повика гласачите да не се откажуваат од про реформските кандидати на претстојното гласање за пратеници во српското собрание. Од друга страна Радикалната партија оцени дека вчерашните резултати претставуваат голем триумф што и го отвора патот до победата на декемвриските парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG