Достапни линкови

logo-print

Белград: Претседателски избори


Во Србија денеска се одржуваат претседателски избори. Право на глас на изборите имаат околу 6 милиони и 500 илјади граѓани. Во Србија има околу 8 илјади и петсто изборни места, а на Косово околу 250. Граѓаните имаат можност да бираат меѓу шестмината кандидати од кои како најсериозни се издвојуваат Драгољуб Миќунивиќ од ДОС и Томислав Николиќ од Српската радикална партија. Претседателските избори во Србија ќе ги набљудуваат околу 13 илјади набљудувачи од ОБСЕ и Центарот за слободни избори и демократија. За да бидат успешни изборите потребно е на гласање да излезат повеќе од 50 проценти од избирачите. Инаку, овие избори се трети во Србија по промената на власта во 2000-тата година, а седми од воведување на парламентарната демократија. Претседателските избори кои беа одржани на 29 септември, односно 13 октомври 2002 година и оние кои беа одржани на 8 септември истата година не беа успешни поради недоволниот одзив на гласачите.
XS
SM
MD
LG