Достапни линкови

Административни пречки за искористување


Искористеноста на кредитните линии што доаѓаат од надвор, а што ги нудат македонските банки е исклучително ниска. Овој податок го потврдува и Илија Иљоски прв човек на македонска банка за поддршка на развојот на малите и средни претпријатија. Кај оваа финансиска институција искоирстеноста на кредитните пласмани не го надминува 20 тиот процент. Административните пречки и условите поставени од страна на надворешните финансисики институции се еден од главните причинители за ваквата ситуација. Така на пример, Европска инвестициона банка нуди кредитна линија од 20 милиони евра под поволни услови, но влечењето на една транша не смее да е помало од еден милион евра.

„Во еден временски период кога вие очекувате три, четири или пет апликанти да ви поднесат барање за 200 - 250 илјади евра, првиот што поднел го губи мотивот, затоа што поминува одреден временски период, што го чини пари, заради непочнување на производството.“

објаснува Иљоски. Или италијанската кредитната линија која во поглед на висината на каматната стапка и грејс периодот е поволна го врзува потенцијалниот клиент овој кредит да го искористи исклучиво за стока произведена во Италија.

„Вие имате ограничен простор од каде да купите. Така што, честопати се случува да купувате опрема со исти технички перформанси, а да биде поскапа.“

Како исклучително неискористена кредитна линија од само 10% е германската каде главен услов за добивање на овој кредит е тој да биде подигнат од страна на лице кое живеело и работело во оваа западна држава.

„Се работи за лица, главно пензионери, кои се враќаат и овде се демотивирани за одново да почнуваат бизнис.“

Проблемот со аплицирањето од страна на потенцијалните кредито косрисници со прокти кој не се економски оправдани останува:

„Имате во одреден момент, дури и такви проекти, коишто се авантуристички на оној што сака да инвестира и јасно е дека сака да ги злупотреби парите.“

И покрај ваквите поединечни примери, како главен проблем поради кој овие кредитни линии остануваат неискристени е големото обезбедување што го бараат комерцијаланите банките.

„Во принцип секоја фирма се соочува со проблем во исполнување на условите и не може да го добие кредитот.“

За да се реши ваквиот проблем во фаза на изработка се наоѓа и законско решение со кое ќе се овозможи формирање на државен фонд што ќе гарантира за кредитните пласмани доколку се оцени дека се работи за финансирање на навистина издржани проекти.
XS
SM
MD
LG