Достапни линкови

Истанбул: Најмалку 16 загинати во две експлозии пред две синагоги


Турскиот министер за внатрешни работи Абдул Кадир Аксу ијзави дека денеска со два автомобила бомби истовремено се нападнати две синагоги во Истанбул при што загинале најмалку 16 луѓе. Според извештајите во нападите на најголемата синагога Неве Шалом и другата Беет Израел се повредени 80 лица. На приватната Телевија НТВ беше прикажана слика од остатоците на автомобилот бомба и голем кратер од експлозијата пред синагогата Неве Шалом. Оваа синагога беше мета на напад од огнено оружје и во 1986 кога едно лице за кое се претпоставува дека бил палестинец уби 22 верници за време на еврејскиот Сабат.
XS
SM
MD
LG