Достапни линкови

Економската соработка слаба


Од 2002 година процесот на склучување на билатерални договори за слободна трговија во резултираше со склучување на 21 таков договор меѓу седум држави од овој регион, односно Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Хрватска, Молдавија, Романија и Србија и Црна Гора. Но, ефектите од овие договори многу малку се чуствуваат во истиве земји како причини за тоа проферорот на економскиот факултет Трајко Славевски ги посочува:

„Прво, ниското ниво на развиеност и слабата куповна моќ кај населението. И второ ориентираноста на некои пазари коишто се во групата поразвиени.“

Размената на стоки треба д биде најразвиена со соседните земји но за жал тоа начата земја тоа не гоп практикува, вели Славевски:

„Тие се на ниско ниво на развиеност. Прво, релативно слаба куповна моќ на населението, а покрај тоа има еден друг фактор, психолошки, којшто ги тера еден дел од стоките да ги увезуваат од земји кај коишто имаат впечаток дека се поквалитетни. Еве, на пример, јас ја следев малку расправата со тендерот за лекови. Сите некако сакаме да се заштитиме да обезбедиме највисок квалитет. Тоа беа лекови коишто се во употреба во најразвиените земји. Значи, се однесуваме како и ние да сме во таа група. Како да имаме доход колку што и тие имаат. Сигурно има некои од тие генерички лекови коишто се произведуваат и во Албанија, и во Романија и Бугарија, но ако е од Германија или од САД тогаш тоа ми дава некоја гаранција.“

Размената со соседите ја отечнува и тоа што земјите од овој регион немаат конвертибилна валута смета професорот Славевски

„Редовно регуларно плаќање, од Приштина, Софија или Тирана во Македонија мислам дека не се прави, тоа се плаќа најчесто во готово. Тоа да се изврши редовно оди преку западни банки коишто наплаќаат провизија за тоа.“

Либерализацијата на трговијата со склучувањето на погодбите за слободна трговија меѓу земјите од регионот можат сериозно да ја стабилизираат економската состојба е ставот на професорот Трајко Славевски.
XS
SM
MD
LG