Достапни линкови

Насирија: Пристигна министерот за одбрана на Италија


Денеска во Насирија, каде што вчера во напад со камион бомба загинаа 19 италијански војници и 9 ирачани, пристигна италијанскиот министер за одбрана Антонио Мартино. Во меѓувреме американските сили и ирачката полиција презедоа операции против осомничените милитанти и криминални банди во Багдад. Операциите доаѓаат по засилениот американски притисок врз ирачкиот Совет за донесување устав на земјата како чекор напред кон само- владеењето во Ирак.
XS
SM
MD
LG