Достапни линкови

Белград: Миќуновиќ предлага вонредни парламентарни избори


Претседателскиот кандидат на владеачката коалиција во Србија Драгољуб Миќуновиќ на денешната прес конференција во Белград предложи вонредните парламентарни избори да бидат одржани на 28 декември годинава. Тој беше овластен ова да го соопшти од коалицијата која го губи мнозинството во парламентот. Во недела во земјата инаку ќе бидат одржани претседателски избори. Србија е без претседател откако Милан Милутиновиќ му се предаде на Хашкиот Трибунал, а двата обида за избор на шеф на државата не успеаа бидејки на гласање излегоа помалку од 50 насто бирачи.
XS
SM
MD
LG