Достапни линкови

Најпродавана книга со авторски права


За период од речиси 50 години Гинисовата Книга на рекорди стана библија за милионите фанови во светот. Сега и самата книга има сопствен рекорд, славејки ја 100 милионската копија со што стана најдобро продавана книга со авторски права. Значи во оваа конкуренција не влегуваат Библијата, Куранот или веројатно и Малата Црвена Книга на Мао Це Тунг.

За речиси половина век Гинисовата книга на рекорди стана авторитет за најчудните екстремности, рекорди мали или големи. Примери за чудните нешта има многу. Така на пример во книгата е заведено која е најдолгата мечка женка, потоа колку долго преживеала една кокошка без глава или дека најтоксичен облак имало во Казахстан. Сега и саматакнига стана своевиден рекорд со 100 милиони копии – најпродавана книга на свет. Само книги без авторки права како Библијата, Куранот или Малата Црвена книга на Мао Це Тунг се попродавани. Уредникот на Гинисовата книга Клер Фолкард објаснува зашто постоји толкав интерес за неа.

„Ние ја преставуваме можноста за секој што е најдобар во нешто. Не морате да бидете поп звезда или актер или спортист. Ако имате фантазија и остварете нешто можете да бидете најдобар на светот.“

Приказната за гинисовата книга на рекорди започна во 1951 година со идејата на директорот на позната гинисова продавница во Ирска. таму беше родена идејата. Во тој стил беше и прославата по повод 100 милчионската копија. На свеченоста беа присутни човекот со најгласно грло, жената со најмногу пирсови и најбрзиот чистач на прозорци во светот. Во Гинисовата книга пристигнуваат 60 илјади пријави за рекорди годишно што зборува за бројот на амбициозните луѓе да бидат најдобри во нешто.

„Многу луѓе ми велат, зарем не е овој рекорд глупост. Јас одговарам. Па добро многу кои можат да се перцепираат како смешни се често направени за хумани работи за дареливост, за донации. Тоа е добра кауза – зошто да не.“

вели Фолкард, наведувајки дека едноставно луѓето сакаат да бидат најдобри во нешто па што и да е тоа.
XS
SM
MD
LG