Достапни линкови

Градот нема идентитет


Скопје е град без идентитет. Околу 45 проценти од скопјани сметаат дека Скопје нема препознатливи симболи или репери, односно својствени белези за распознавање на главната метропола. Ова се само дел од податоците за тоа што скопјани мислат и како го доживуваат својот град содржани во истражувањето наречено „Скопјани за Скопје“, спроведено од Здружението за култура на живеење, унапредување и хуманизација на просторот под раководство на социологот Илија Ацевски.

„Понатаму со Скопје не може да се управува, без минимално таа потреба на граѓаните да се удостои. Иако се носат планови, планови коишто не се доволно осмислени,“

потенцира Ацевски.

Местата пто го пренесуваат духот на градскиот, урбаниот живот, што всушност ја чинат онаа препознатлива градска традиција, во Скопје одамна ги нема.

„Еве да ја земеме Старата скопска чаршија, којашт има симболична вредност за градот, а практично ја напуштија луѓето. Десетина години градската власт не се обидува, или не сака да се соочи со фактот дека овој простор е целосно изгубен. Да се предрлиме на десната страна на Вардар, не се формира ниту еден дел од градот што ќе биде препознатлив дел на Скопје. Кога човек, барем од оние професии, бранши, уметници, интелектуалци, цело свое време ќе го потрошат таму, ќе се сретнат меѓу себе, ќе може да комуницираат. Тоа Скопје го нема, за жал.“

Скопјани говорејќи за Скопје, потврдуваат како и во истражувањето дека во градот одамна не постојат споменици или белези по кои тие би се идентификувале:

„Несредени улици“
„Многу сообраќај, хаос“
„ГТЦ е убав, друго не знам што.“
„Нема градот белег, ако човек прошетал по други држави, Скопје е како да го споредам со Гостивар.“
„Да не се оди само на ново, оти новото не ја прави историјата, туку она што е да се сочува и да се подобри, да е направи како на Запад.“


Истражувањето, вели професор Ацевски, треба да ги опомене надлежните власти дека наместо обезличување на градот, треба да му се направат места што ќе внесат дух, и преку мини референдум да стане пракса да бидат прашани и самите граѓани.
XS
SM
MD
LG