Достапни линкови

Вашингтон: Американскиот администратор за Ирак на разговори во САД


Американскиот цивилен администратор во Ирак Пол Бремер се врати во Вашингтон на разговори за ситуацијата во таа земја. До средбите доаѓа по нападот со три ракети врз американскиот штаб во Багдад во кој е оштетено едно возило. Американски командант во Ирак изјави дека бројот на нападите врз коалиционите сили пораснал на 30 дневно. Белата Куќа, споре медиумите, од друга страна стравува за способноста на Ирачкиот Владин Совет да го исполни рокот и до 15 декември да го напише новиот устав со што ќе се отвори патот за демократски избори во земјата. Претседателот на Ирачкиот совет Џалал Талабани пак денеска повика на воспоставување провизорна влада пред да биде донесен Уставот.
XS
SM
MD
LG