Достапни линкови

Историчарите скептични


„Она што веќе никогаш нема да го дозволиме, е достоинственоста на еден од најсветлите и најсветите настани во нашата историја да зависи од хировите и расположението на свештеници на друга црква, од односите на таа црква и властите на таа држава или односите на таа црква со МПЦ,“

изјави премиерот Бранко Црвенковски. Меѓутоа, историчарите со поинаков став. Историјата не може да се фалсификува, вели Јован Донев.

„Тоа е отстапување од вистината. Република Македонија, најпрвин мора да си ги реши проблемите со своите соседи. Попуштањето од македонска страна е само политика на помал отпор, коешто само може да има долгорочно негативни ефекти, тоа АСНОМ не го заслужува. Во крајна линија, спомен соба, меморијална во Собранието итн, тоа е веќе друго прашање, значи тоа не е прашање што не може да се изведе, меѓутоа местото мора да го одбележиме.“

Слично мислење има и претседателот на Сојузот на борците Арсо Арсовски. Сојузот е иницијатор за пренесување на експонатите од спомен собата во манастирот Прохор Пчињски на друга локација, но тоа не значи дека плочите на автентичниот историски настан треба да бидат напуштени.

„Не треба да се откажуваме од местото каде што е одржан АСНОМ, а треба да подигнеме спомен белег, каде што младиве генерации, ученициве ќе видат на лице место каква била атмосферата во тоа време, кој на која маса седел, каде е удрен потписот во крајна линија,“

изјави Арсовски.

Совпаѓањето на најавите на владата со намерите на владиката Кирил за градење нов манастирски комплекс, посветен на Св.„Прохор Пчињски“ во кој би бил вклучен и меморијален музеј на АСНОМ, но не во село Пелинце како што планира владата, туку во село Стрезовце, за сега без коментар од страна на МПЦ. Усогласувањата претстојат, изјави портпаролот на МПЦ Тимотеј. Разговори на оваа тема во пресрет на одбележувањето на 60 години од АСНОМ очекуваат и во сојузот на борците, каде што велат:

„Треба во владата да се одржи состанок и да не се создаваат, непотребни, вештачки судири.“
XS
SM
MD
LG