Достапни линкови

logo-print

Лондон: Лондон поизложен на терористички напади од Вашингтон и Њујорк


Лондон е поизложен на терористички напади отколку Њујорк и Вашингтон, се наведува во најновото истражување на британските стручњаци. При денешното објавување на резултатите од студијата со која се опфатени сто девеесет и пет земји е соопштено дека британскиот главен град, поради својата политичка и економска моќ, претставува идеална цел за исламските екстремисти. Во истражувањето, меѓу другото, се додава дека најопасни земји во Европа се Косово, Албанија и Босна, додека во светски рамки најопасни се Бурунди, Сомалија и Либерија.
XS
SM
MD
LG