Достапни линкови

Москва: Судот решава дали да го пушти екс шефот на Јукос


Судот во Москва денеска се очекува да донесе одлука дали да го пушти од затвор Михаил Ходорковски, поранешен шеф на нафтената компанија Јукос кој беше уапсен поради затајување на данок и измама. Ходорковски, по апсењето кон крајот на минатиот месец, поднесе оставка на директорското место во Јукос. Тој и неговите поддржувачи сметаат дека овој случај има политичка заднина пред декемвриските парламентарни избори во Русија. Како што е познато, Ходорковски ги финансираше опонентите на претседателот Путин.
XS
SM
MD
LG