Достапни линкови

Вашингтон: Конгресмени бараат смена на Доналд Рамсфелд


Дваесет и шестмина демократи во американскиот Конгрес вчера соопштија дека потпишале резолуција со која од претседателот Џорџ Буш бараат да го смени секретарот за одбрана Доналд Рамсфелд. Во образложението се наведува дека таквиот чекор ќе и помогне на американската надворешна политика и ќе доведе до постепено враќање на американските војници од Ирак. Во резолуцијата се додава дека Рамсфелд е најодговорен за сегашната лоша безбедносна ситуација во Ирак.
XS
SM
MD
LG