Достапни линкови

logo-print

Одзивот на граѓаните задоволителен


Акцијата за одброволно предавање на нелегалното оружје во првата фаза се спроведуваше во согласност со предвидената динамика, а одзивот на граѓаните задоволува, гласи оценката на координативното тело за разоружување.

„Мислам дека можеме да бидеме задоволни. Граѓаните го прифатија тоа, рамноправно во цела Македонија предаваат оружје и така,“

изјави претседателот на координативното тело Гзим Острени.

Дел од претседателите на регионалните комисии не се задоволни од одзивот во првите десет дена и тие очекуваат одзивот на граѓаните да се зголеми последните денови од акцијата.

Мирко Симоновски, претседател на региналната комисија еден, која опфаќа десет скопски општини вели:

„Јас и на почетокот кажав дека во првата фаза не може да се очекиува голема масовност. Имателите на оружје, сеуште размислуваат и очекуваме дека крајните десет дена ќе биде помасовно.“

Додека Емри Јусуфи претседател на регионалната комисија шест, која ги опфаќа тетовскиот, гостиварскиот, дебарскиот и кичевскиот регион со став, акцијата делумно е успешна:

„Мислам дека акцијата е делумно успешна. Во првите денови од акцијата интензитетот беше поголем, но во вториот дел од првата фаза интензитетот опадна. Се надевам дека во наредните фази од акцијата одзивот ќе се зголеми,“

изјави Емри Јусуфи.

Како во скопскиот така и во западниот дел од земјава има општини каде што воопшто не е предадени ниту едно парче оружје, потврдуваат Симоновски и Јусуфи:

„Во Кондово, Сопиште и Македонски Брод нема предадено ниту едно.“

„Во некои делови не е предадено ниту едно парче оружје. Во гостиварско се бележи мал одзив.“


Првата фаза заврши вчера, а втората почнува в сабота кога сите 123 пунктови во земјава ќе бидат повторно отворени.
XS
SM
MD
LG