Достапни линкови

Македонија треба да преземе конкретни мерки за зголемување на инвестициите


За да привлече странски инсвестиции нашата земја треба да ги преземе оние мерки што се потребни за зголемуавње и на домашните инвестиции кои исто така се ниски, вели професорот по економија Михаил Петковски. Проблемите на овој план се комплексни, вели тој и во таа смисла сугерира оти решенијата треба да се градат во исто време на повеќе фронта во институциите на државата.

„Практиката потврдува дека без ефикасно функционирање на институциите, на прво место судскиот систем и јавната администрација не може да дојде до пораст и на странските и на домашните инвестиции. Македонија има простор тука да направи повеќе.“

Според професор Петковски она што најмногу им пречи на странските инвеститори во земјава се недовлното ниво на банкрските креди, корупцијата и високото ниво на сивата економија. Во таа смисла тој оценува дека Македонија треба особено да посвети внимание на градењето на интитуциите.

„Не станува збор за еден фактор, и треба да се делува на повеќе сфери.“

Со ставот дека бизнис килимата во Македонја не може да претставува работа само на едно министерство се согласува и портпаролот на министерството за економија Гоце Паченски.

„Треба да биде координирана работа на неколку органи како на пример неколку министерства, понатаму тука се управите, регистрационите судови, каде што се губи големо време, царинската управа итн.“

Што се однесува на работата на ова министерство во насока на привлекување странски инвестиции портпаролот Пачемски вели дека минатата година во соработка со домашни и странски експерти биле изработени два проекта во кои се содржани мерките што треба да бидат направени. Тие во голем процент се однесуваат на промната на законите во кои се иднтификувани пречки кои претставуваат бариера за инвеститорите, вели Пачемски. Во таа насока тој упатува на пример од она што го сработило ова министерство:

„ Во новиот закон за трговски друштва е предвидено цело поглавје каде што се забрзува регистрацијата на компаниите. Се предвидува за осум дена регистраациониот суд да мора да му даде регистрација на барателот.“

Професорот Петковски пак вели дека нашата земја во барањето решенија за привлекување на инвестиции не треба да измислува ништо ново, туку да работи на копирање на искуствата на земјите кои веќе покажале резултати како што се Унгарија и Полска.
XS
SM
MD
LG