Достапни линкови

logo-print

Багдад: Американскиот администратор во Ирак очекува зголемување на нападите врз американските сили


Американскиот администратор во Ирак Пол Бремер за британскиот весник Тајмс изјави дека во наредните месеци очекува зголемување на нападите врз американските сили во Ирак во обид да ја запрат обновата на земјата. Според Бремер, за таа цел во Ирак влегле неколку стотици странски милитанти. Тој рече дека Соединетите Држави нема да се повлечат од Ирак бидајеки таквиот чекор би имал големи последици не само за земјата туку и за целиот Блиски Исток.
XS
SM
MD
LG