Достапни линкови

Ријад: Уништен дел од резиденцијалниот кварт на Ријад од експлозии на автомобил бомби


Силни експлозии од автомобили бомба кои се случија во текот на ноќта уништија дел од резиденцијалниот кварт во Ријад. Овие експлозии по се изгледа се дело на припадници на терористичката организација Ал Каеда, соопштија припадници на саудиските власти. Како што јавуваат агенциите, загинале 5 лица, а околу 100 се ранети. По овие експлозии американската администрација упати апел до своите дипломатски претставници во Ријад, да не ги напуштаат домовите.
XS
SM
MD
LG