Достапни линкови

Можност младите да учат за културен начин на живеење


Посета на културни настани, општи познања од областа на културата, познавање на сопствениот град, животот и обичаите на својот народ, познавање на уметноста, е нешто што на младите во државава им недостасува. Наспроти ваквото културното однесување, животот на македонските младинци се сведува на прифатен начин на однесување што е далеку од она што се нарекува урбана култура. Експертите би рекле дека младите во ова време не почитуваат авторитети, не се однесуваат доволно урбано, не внимаваат на сопствениот начин на однесување. Ваквото мислење, го делат и самите младинци:

„На секој млад човек, му е поинтересно времето да го изгуби така, гледајќи телевизија или пиејќи кафе некаде, отколку културен настан.“

„Однесувањето на часови, на пример, почитот кон професорите е еден вид култура. И воопшто го почитувам секој човек, не само професор. Во школово скоро да го нема тој почит.“


Токму потребата да им се даде насока на младите луге во прифакањето на правилните вредности на однесување и воопшто живеење, е причина што во средните училишта во државава веќе е воведен предмет, наречен урбана култура.

„Младите луѓе, препуштени самите на себе, талкаат меѓу дрогата и алкохолот, кафулиња, се затвораат дома, недружење. Проектот урбана култура е дел од една активност урбана култура и денес во Македонија го слушаат 6800 ученици. Има за цел младите луѓе, да ги откријат етичките и естетските вредности на културно живеење кај нас и во светот. А, овие тематски области тие ги обработуваат, преку музеј, преку арехолошки локалитет, преку предавање, преку литературно дело, преку театар, филм, документарен филм, едукативна мултимедија или интернет презентација.“

вели професорот на Филозовскиот факултет Олга Пешевска Заревска, еден од авторите и иницијаторите за воведување на овој предмет.
XS
SM
MD
LG