Достапни линкови

Големи промени допрва не очекуваат


Големи промени допрва не очекуваат, ги коментира комуникологот Весна Шопар случувањата на македонската медиумска сцена. Згаснувањето на „Нова Македонија“, најавите за отворање нов весник, влегувањето на ВАЦ, трансферите во електронските медиуми, преселбата на новинарите:

„Се она што беше до сега, повеќе или помалку, се одвиваше на мало ниво. Ова сега има друга димензија и потребни се подлабоки анализи да претпоставиме какви би биле следните чекори.“

Според Шопар, за разлика од порано кога случувањата беа фокусирани на електронските, сега тоае случај со печатените медиуми.

„Еден голем новинарски концерн како што беше Нова Македонија се наоѓа во фаза на тотален колапс. Него во моментов, го заменува нов. Со влегувањето на странски капитал во сферата на медиумите, без сомнение се промени од поголем калибар и ние веројатно ефектите треба допрва да ги очекуваме.“

Што се однесува до трансферот на новинарите, станува збор за веќе оформен пазар на трудот во оваа сфера:

„Понуда и побарувачка, во оваа сфера на новинарстово, веќе ја имаме во Република Македонија. Работите во ова сфера се одвиваат во позитивна насока, коментира Роберто Беличанец:

„Она што е интересно е дека голем број на новинарски познати имиња си почнуваат свои сопствени проекти, како независни продукции. Тоа значи дека се раѓа нов тип на новинарство. Тоа беа имиња кај нас кои се во состојба да повлечат проекти зад себе и некој да ги финансира тие проекти, што е добро.“

Иако, искуството говори дека големи поместувања на медиумската сцена секогаш се случуваат по изборите, докази за директна поврзаност, остануваат во сферата на шпекулациите. Сепак, врската со политиката е несомнена, смета Шопар:

„Не само во нашиот амбиент каков што е, туку помалку или повеќе и во другите земји, вие врската или комбинацијата меѓу политиката и медиумите не можете да ја избришете така едноставно.“
XS
SM
MD
LG