Достапни линкови

Сивата економија еднаква на половина од БДП


И покрај отворената борба против сивата економија постигнатите резултати се под очекувањата. Пресметките на експерите се дека степенот на приходи од нелегална трговија се проценуваат на 50 % од вредноста на бруто домашниот производ. Дека работите во овој дел не се розови потврдува и првиот цариник, кој проблемот го лоцира во слабата соработка на бизнисмените со царинската управа.

„Не можеме да сфатиме, да не бидам крут кога кажувам, одредени бенефиции што ги пружа државата да не се искористат, заради одредени, пак кажувам, лични интереси. Имаме масовна појава, преку т.н. зелени преми, значи шуми и диви патишта, да се враќаат веќе извезени стоки назад во Македонија или да се внесуваат стоки воопшто нецаринети, тоа е проблем, не на царината, туку на други органи,“

Е ставот на директорот на царинската управа Љупчо Михајловски. За разлика од Михајловски бизнисмените проблемот го лоцираат во нефункционирањето на правната држава и нелојалната конкуренција. Нереално високите царини за репроматеријали и даниокот на додадена вредност кој државата го побарува при увозот на стоки од бизнисмените е само дополнителен стимул за изигрување на законската обврска. Бизнисмените коментират, климата за стопансиување во Макеоднија е таква што доколку се обидеш да работиш по сите правила на игра однапред си осуден на пропаст или од домашната конкуренција која не ги почитува законите или од надворешната која според сегашните законски прописи е во поповолна позиција во однос на домашниот производител:

„Имаме парадокс, Искра од Словенија и неколку фирми од Србија да увезуваат во Македонија готов производ со нула царина, а ние репроматеријал внесуваме со 14 насато царина.“

„Треба да воведеме контингенти, или нешто за да можеме да бидеме конкурентни на домашниот пазар. Инаку, со 15-20 насто царина на суровини, тешко кој може да опстане и биде конкурентен на пазарот,“


е ставот на Михаил Битрак сопственик на видео инжињеринг од Охрид и Стојанче Николов производител од Свети Николе.

Во меѓувреме владата упорно одржува нереално висок курс на денарот во однос на странските валути, со што македонските производи во однос на цените се неконкурентни на надворешните пазари. Крајниот исход е дефицитот во трговската размена и понатаму се зголемува, а кајмакот го собираат само оние кој успеваат да ги прескокнат законските обврски и да пливаат успешно во водите на сивата економија.
XS
SM
MD
LG