Достапни линкови

Приближување на Балканот кон Европа


Во ситуација кога европскиот парламент препорачува земјите што потпишале спогодба за изземање на американските државјани од меѓународниот кривичен суд да не станат членки на ЕУ, потсекретарот за политички прашања во Стејт Департментот Марк Гросман, на мини европска и балканска турнеја. Тој најрпвин во Брисел разговараше за поддршката на Вашингтон на европските интеграции на Балканот, а денеска за ова на средба и со македонскиот државен врв.

„Сакаме да го донесеме Балканот во Европа,“

изјави во Скопје Гросман, прецизирајќи:

„Целта на оваа турнеја е да потсетам на важноста што Балканот ја има за САД.“

Нагласувајќи благодарноста на САД за македонското партнерство во анти-терористичката коалиција Гросман ја најави и посетата на Вашингтон на македонскиот премиер Бранко Црвенковски. Според неговите зборови, тој на 23 овој месец, ќе се сретне во Вашингтон со американскиот потпретседател Дик Чејни.

Втората причина на посетата на потсекретарот Гросман е предлогот на контакт групата за Косово што ја има поддршката на Вашингтон. Тој предлог претпоставува условување на постигнувањето на стандардите на Косово со расправата за идниот статус:

„Доколку стандардите бидат постигнати кон средината на 2005-тата, се отвора можноста за разговори околу статусот. Од моите разговори во Македонија имам впечаток дека оваа идеја има поддршк,“

рече Гросман.
XS
SM
MD
LG