Достапни линкови

Рим: Посета на претседателот Владимир Путин


Рускиот претседател Владимир Путин престојува во официјална посета на Италија, во рамките на која ќе разговара со лидерите на Европската Унија и ќе се сретне со Папата Јован Павле Втори. Руско европскиот самит почнува утре, а главна тема ќе биде подобрувањето на економските врски. Дипломатите очекуваат на состанокот да стане збор и за неодамнешното апсење на шефот на руската нафтена компанија ЈУКОС Михаил Ходорковски кое многумина го сметаат за политички мотивиран потег пред претстојните избори во Русија.
XS
SM
MD
LG