Достапни линкови

Брисел: Зголемени несогласувањата со САД околу даноците за челик


Комесарот за трговија на Европската Унија Паскал Лами изјави дека се зголемуваат несогласувањата со Соединетите Држави околу даноците за челик. Доколку до средината на идниот месец не бидат повлечени овие даноци Европската Унија би можела да воведе санкции против Соединетите Држави, рече Лами. Даноците за европскиот челик американската администрација ги воведе во минатата година со цел да и помогне на домашната индустрија. За ова прашање в понеделник треба да се произнесе и Светската трговска организација.
XS
SM
MD
LG