Достапни линкови

Формиран форум на група интелектуалци „Феим“


Станува јасно дека процесот на евроатланското интергирање на македонија не е само работа на политиката и на институциите на државата, туку ова прашање е од животен интерес на сите граѓани. Оттаму и идејата на група интелектуалци да го ангажираат интелектуалниот и стопански потенцијал на личности од повеќе области во земјава, во здружението на граѓани „Феим“ или Форум за евроатланска интеграција на Македонија, вели доцент доктор Тања Каракамишева, секретар на ова невладино здружение:

„Нашето делување ќе биде насочено во вид на креативен притисок врз политичките институции во државава, за поврзо дооформување на веќе постојните контури на македонската стратегија за евро-атлантско интегрирање и промовирање на највиталните македонски интереси во овие процеси, а во контекст на потпишаната спогодвба за стабилизација и асоцијација.“

Работата на Форумот вели Каракамишева ќе биде организирана низ повеќе координативни тела кои ја опфаќаат полтичко правната и мултиетничка интергација, економската, безбедносно одбранбената, образовната, културната, научно технолошката и информатичката интеграција.

„Првата која што е секако најприоритетна цел на здружението, ќе биде актуелизирање, меѓутоа и забрзување на процесот на интегрирање на Македонија во евроатлантските структури, потоа континуирано и сеопфатно приближување на македонските норми и стандарди на живеење со европските текови и процеси, меѓутоа нашата улога нема да биде само во смисла на согледување на тие европски текови и процеси, туку и проценување на активностите на владата за се што е поврзано со процесот на интегрирање на Македонија во овие структури. Значи, евалуација на активностите на владата, меѓутоа и давање конкретни идеи за подобрување на овој процес.“

Според Каракамишева во Форумот чиј составен дел освен познати интелектуалци својот ангажман ќе го дадат и познати македонски бизнисмени ќе има за крајна цел оваа граѓанска иницијатива активностите да ги подреди на врвната цел Македонија да стане дел од структурата на НАТО до 2006-та и дел од Европската Унија до крајот на 2008-ма.
XS
SM
MD
LG