Достапни линкови

Парламентот ја губи контролната функција врз власта


Во пресрет на годишниот отчет на владата пред Собранието, новиот состав на кабинетот е веќ’ е познат. На местото на досегашните министри за финансии и за транспорт и врски доаѓаат шефот на парламентот и неговиот заменик Поповски и Буџаку потврди премиерот Црвенковски. Регрутирањето на миснистри од парламентот го наметнува прашањето: се протвори ли собранието во клуб на пратеници кои својата функција ја сведуваат на чекање на некоја нова реконстукција?

„Во ситуација кога се оди само да се селектираат министри и кадри, па не само министри и заменици министри од составот на собранието, пораката е јасна, собранието не може да ја остварува таа функција. Кого ќе контролира собранието, ако владата може да го повика пратеникот во секој момент да биде министер и едноставно околу својата политичка кариера да калкулира на тие основи. Кога пратеникот е подготвен да биде и заменик министер, тогаш пораката до јавноста е јасна, дека таму има нешто многу позначајно што се случува и или од кои било причина некој калкулира одошто да ја остварува функцијата на собранието,“

коментира пратеникот и некогашен шеф на собранието Тито Петковски. Со ова се согласува и некогашниот потпредседател на собранието Џеладин Мурати:

„Со парламентот раководи владата и таа наметнува идеи, цели и задачи, а треба да биде обратно.“

Овој потег на премиерот може да се разгледува и од поинаков аспект, вели исто така поранешниот спикер Стојан Андов:

„Тој метод покрај другото претставува и еден интересен инструмент на манипулација, како да се отстранат од политичкиот живот луѓе кои ќе го изгубат мандатот во парламентот, но го губат наскоро и мандатот во владата. Од тој аспект што се случува, еден од истакнатите членови на коалицијата За Македонија, Петар Гошев, основач на ДП, или ЛДП, ја доживеа таа судбина да неговото јавно присуство во политичкиот живот да трае една година. Да видиме што ќе се случи сега со луѓето што ги земаат.
XS
SM
MD
LG