Достапни линкови

Работодавците користат бенефиции, па ги забораваат инвалидите


Работодавачите во заштитните друштва, во трката за профит прават низа злоупотреби на сметка на инвалидизираните лица. Користејќи ги бенифициите, цемаат огромни суми пари од државата, а инвалидите остануваат на улица. Од друга страна, законот за вработување на оваа категорија граѓани во тригодишната имплементација покажа дека нема механизам да ги заштити, реагираат инвалидизираните лица, членови на сојузот на здруженија кои бараат измени на законот и контрола во државните институции.

„Ако државата не не заштити, не знам кој би не заштитил. Зашто приватните интереси во фирмите си го заштитуваат сопствениците, а нашите интереси не ги застапува никој.“

„Сопствениците не експлоатираат, со цел да напуштиме самите работа, бидејќи доколку тие не избркаат мора да не држат три години и ќе одговараат,“


велат Тони и Билјана Митровски, двајцата со хендикеп, кои не можат да врзат крај со крај во брачните води. А преседателот на сојузот на здруженија на инвалидизирани лица Миодраг Игњатович ги лоцира проблемите:

„И најпрактична злоупотреба е кога инвалидот се јавува како вработен, се користат бенефициите, а потоа воопшто не доаѓа на работа, кратко време после тоа му се дава паушален надомест, и за кратко време тој човек се заборава. Законот не предвидува механизам за работодавецот да ги врати средствата.“

Иако, инвалидизираните лица иницирале промени во регулативата, тие имаат забелешки на предлогот на измените на законот.

„Тој предлог оди повеќе во правец на бенефициите на работодавците, а повторно ги занемарува интересира не инвалидите.“
XS
SM
MD
LG