Достапни линкови

logo-print

Жан Клод Трише нов шеф на европската централна банка


Нов претседател на Европската Централна Банка од денеска е Жан Клод Трише. Меѓутоа новиот Мистер Евро, според аналитичарите не значи голема промена во банкараската политика на Европа бидејки и покрај тоа што се квалифицираат како јастреби и галеби тие се едните те исти 20 години – банкари кои размислуваат на ист начин.

Седумте наредни години французот Жан Клод Трише ке биде на чело на Европската централна Банка која го контролира европскиот монетарен живот. По 6 години од ова место си заминува Вим Дуизенберг. Меѓутоа промената , според аналитичарите, не значи многу и покрај тоа што новиот Трише, е велат е по енергичен и ангажиран. Имено, причината е во тоа што претседателот на Европската Централна Банка според структурата, може само да делува во правец на менаџирањето на еврото и контролата на инфлацијата. Хосе Луис Алзола од институтот Смит – Барни вели дека постојат само мали разлики во тоа кој ја води Централната Банка.

„Во Европа, сите централни банкари се знаат меѓу себе повеќе од 20 години. Тие исто мислат и немаат сериозни разлики и покрај тоа што се квалифицираат како јастреби и галеби.“

Ајзола вели дека очекува оти Трише ке го продолжи приоритетот на Дуизенберг за одржување на инфлацијата во евро-зоната околу 2 насто и покрај тоа што тоа може да му наштети на економскиот растеж. Позицијата на Трише инаку беше загрозена поради обвинениата дека не успеал да го спречи банкарскиот скандал што ги чинеше француските даночни обврзници илјадници милиони долари. Меѓутоа сега се е во ред, бидејки францускиот суд ги отфрли обвинувањата. На неговиот претходник Дим Дуизенберг му се префрла дека не успеал да ги ублажи во Европа ефектите на американското економско забавување во 2001. Всушност додека американските централни резерви масивно ги скратија интересните рати за навремено да влијаат врз ефектите на рецесијата, Европската Централна Банка се грижеше за еврото што ја чинеше еврозоната која и денеска не е целосно опоравена. Тоа на Дуизенберг од друга страна му ја донесе титулата Мистер Евро бидејки успешно ја изврши најголемата монетарна трансакција која досега се случила. Основна задача на новиот Мистер Евро Жан Клод Трише, според аналитичарот Ајзола, ке биде да го врати во Европа економскиот бум.
XS
SM
MD
LG