Достапни линкови

Лондон: Соработката на Иран со Меѓународната агенција за атомска енергија задоволителна


Соработката на Иран со Меѓународната агенција за атомска енергија во врска со нуклеарната програма на таа земја е задоволителна, оцени генералниот директор на таа Агенција Мохамед Ел Барадеи во денешното интервју за Би Би Си. Тој прецизира дека неговите инспектори можат слободно да се движат низ таа земја и да ја проверуваат точноста на иранскиот извештај дека нејзината нуклеарна програма има мирновременски карактер.
XS
SM
MD
LG