Достапни линкови

Вашингтон: Според Пауел нема докази дека Хусеин стои зад нападите во Ирак


Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека нема докази оти поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин стои зад нападите врз американските сили во Ирак. Во интервју за телевизијата Еј Би Си, тој го демантира пишувањето на Њујорк Тајмс дека последните извештаи на разузнавачките служби укажувале оти Хусеин ја организирал оружената опозиција во Ирак.,,Не знам што работи Садам Хусеин, но прилично сум сигурен дека тој многу време и енергија троши за криење,“ изјави Колин Пауел.
XS
SM
MD
LG