Достапни линкови

logo-print

Граѓаните резервирани, експертите сметаат дека е само почеток


Резервираност и сомневање оти намерата за доброволно предавање на нелегалното оружје ќе биде успешна се ставовите што во најголем дел преовладуваат меѓу граѓаните во земјава. Непосредно пред почетокот на акцијата, тие коментираат:

„Чисто се сомневам, човек купил на црно 1,000 марки пиштол и сега така да го предаде, малку тешко.“

„Убава работа, да нема оружје.“

„Ќе се собере, ама тешко.“


Впечатокот на резервираност за акцијата што го делат и дел од политичките партии што ја застапуваат опозицијата, според професорот по безбедност Љупчо Арнаудовски делумно е оправдан. Тој посочува дека тоа што станува збор за доброволно предавање оружје што е стекнато на нелегален начин ќе претставува фактор што ќе ја отежнува акцијата, но професорот смета оти акцијата треба да се сфати само како почеток на една покомплетна акција што треба да претстои:

„Оваа акција не може да заврши одеднаш, со една акција, таа веројатно во еден поголем временски период ќе треба да се повторува и на тој начин да се создадат услови за нејзиното успешно реализирање.“

Професорот Арнаудовски потсетува дека по завршувањето на акцијата за доброволно предавање на оружјето, од клучно значење ќе бидат мерките на репресеија што ќе треба да ги преземе полицијата, таму каде што ќе открие поседување оружје без дозвола, како и чекорите што треба да бидат преземени во делот на обезбедувањето на границите. Таквиот став го делат и македонските граѓани, кои сметаат дека разоружувањето од нелегалното оружје е можно, тогаш кога органите за безбедност ќе ги преземат активностите таму каде што ќе откријат дека треба да бидат применети.

„Ако сакаат со убаво тоа е, а потоа насила.“
XS
SM
MD
LG