Достапни линкови

Денеска, демонстрација, но и поттикнување поддршка


Во пресрет на утрешниот почеток на акцијата за собирање на нелегалното оружје во Скопје денеска демонстрација, но и поттикнување на поддршката. Учествтото на пратениците на маршот против оружјето претставува потврда дека институциите на системот го поддржуваат разоружувањето, вели потпретседателот на собранието Агрон Буџаку:

„Ова покажува дека институциите на системот се вклучени во оваа акција и е јасна порака за сите дека треба да се врати оружјето.“

Благоја Марковски од оперативниот центар за собирање на оружјето посочува:

„Сакаме јасно и масовно да го покажеме јавното не на нелегалното оружје во Република Македонија.“

Во таа насока се и концертите што ќе се одржат вечерва во 12 градови во Македонија. На нив настапуваат повеќе бендови кои на младите им ја пренесуваат пораката за опасноста од оружјето.

„Одиме на култура, уметност и забава, која што е одлична алатка за соопштување на граѓански идеи,“

вели координаторот на ова случување Џабер Дерала. Поддршка на акцијата и од меѓународните мисии:

„Би сакал да апелирам до сите да придонесат кон разоружувањето. Луѓето не би требало сами на себе да си противречат. Ако сте млад Македонец, Албанец, Турчин и сакате еден ден да сте дел од ЕУ тоа не можете да го сторите со оружје. Иднината на земјата нема да биде решавана со оружје,“

изјави специјалниот претставник на ЕУ во Македонија Алексис Брунс. Со слична поддршка и мисиите на ОБСЕ и НАТО:

„Мислиме дека ова е многу добра идеја,“

изјави Крег Ретклиф, портпарол на НАТО.
XS
SM
MD
LG