Достапни линкови

Резултатите од пописот најрано на крајот од ноември


Резултатите од пописот и проценките за текот на оваа најмасовна статистичка операција во земјава, од страна на меѓународните мониторинзи ќе бидат објавени до крајот на ноември, изјави Дијаз Муњоз, директор на Еуростат.

Меѓународните експерти се наоѓаат во финална фаза во нивните анализи со цел да ја оценат точноста и веродостојноста на процедурите што ги користи државниот завод за статистика, соопшти Муњоз, според кого финалната фаза на обработката на податоците напредува според однапред дефинираното темпо.

Меѓународните експерти ги повикаа сите лица коишто се вклучени во операцијата да се воздржат од давање изјави или пак шпекулирање со податоци се додека не се објават конечните резултати:

„Се до моментот да објавуавување на резултатите од мониторингот на меѓународната мисија и резултатите од самиот попис од страна на државниот завод за статистика, овие резултати нема да бидат на располагање, што значи сите информации коишто во меѓувреме би се појавиле се чисти шпекулации,“

изјави директорот на Еуростат Дијаз Муњоз.
XS
SM
MD
LG