Достапни линкови

logo-print

Петгодишно ембарго за работниците да тргуваат со акциите


Во досегашниот десетгодишен преиод на приватизација во Македонија се приватизирани 1683 компании, чија вкупна вредност се проценува на 2,3 милијарди евра. Од ова бројка 234 се трансформирани по моделот превемање на управувањето, или најоспоруваниот модел од страна на работниците акционери. Преку можноста за издаваењ бесплатни акции во измените на новиот предлог закон за трговски друштва на мала врата се обидува повторно да се вметне решение кое на менаџерите им дава право да го контролираат пакетот акции на вработените. Со самиот факт што однапред им се става забрана на вработените да тргуваат со овие хартии од вредност надвор од фирмата во период од пет години, тврди адвокатот Љубица Рубен.

„Се се плашам ова да не биде заради лоша и непрецизна одредба во законот, да не биде злоупотребено, како што реков, блокирање уште пет годии на акционерските права.“

Намерата на работникот акционер да ја отфрли желбата на менаџерот да управува со неговите акции не ретко резултираше и со санкции, односно прераспределба на пониско работно место или уште полошо прераспределба или прогласување технолошки вишок. Објаснувањето што доаѓа од изготвувачите на предлог законот за трговски друштва е дека решението со бесплатните акции да не се тргува во наредните пет години е донесено со единствена цел, да се заштити брзата промена на сопственичката структура.

„Ако биде веднаш овозможен прометот, не е исклучена можноста веднаш да бидат продадени, да ги купи некој инсајдерски акционер, конкурент и да предизвика промена на сопственичката структура,“

е ставот на професорот од правниот факултет Тито Беличанец.

Злоупотребите од страна на менаџерите врз малцинските акционери мора да бидат санкционирани во кривичниот законик, во спротивно можноста од манипулирање со рабониците како акционери, секогаш ќе биде отворена, предупредува адвокатот Владмири Ракочевиќ:

„Треба паралелено да се работи на измена и дополнување на кривичниот закон, со донесување на новиот закон за акционерски друштва.“

Новиот предлог закон за трговски друштва за разлика од старата законска регулатива предвидува многу построги услови за менаџерите кои несовесно ги извршуваат своите работни задачи.

„Ако тој предизвика штета, ги оштети акционерите и го води друштвото спротивно на интересите на акционерите, тие може да го тужат и да одговара со сиот свој личен имот,“

вели Беличанец.

Новиот закон е предвидено да стапи во сила со почетокот на идната година.
XS
SM
MD
LG