Достапни линкови

Македонските интелектуалци со спротиставени мислења


Во Македонската јавност и интелектуална мисла егзистираат паралелни често спротивставени мислења за прашањето колку преговорите меѓу Приштина и Белград или поинаку решавањето на косовското прашање може да биде штетно за Македонија. Официјалниот став на владата е познат:

„Најнапред таму треба да се изградат цивилни институции, да се воведе владеење на правото, а потоа да се разговара за статусот,“

соопшти Сашо Чолаковски. Но, за разлика од оваа службено воздржана позиција во јавноста можат да се дефинираат две сосема спротивни опции најчето поделени и по етничка припадност кои се согласуваат само во едно косовското прашање е исклучително важно за Македонија. Ова го вели и академик Блаже Ристевски зебележувјќи дека и покрај важноста на прашањето ние всушност немаме усогласена политика во однос на проблемот:

„Бидејќи ние немаме одреден став кој консенквентно ќе го застапуваме. Тој став зависи од моментните случувања и ситуации.“

Со ова не се согласува уредникот на албанскиот неделник „Лоби“ Исо Руси кој вели:

„Нашиот државен врв направи огромен чекор напред.“

Стравувањето на Македонија од косовското прашање има своја основа во опцијата за негова поделба вели Руси:

„Тоа значи дека тогаш се отвораат прашањето на јужна Србија, на западна Македонија, бидејќи статусот на Косово ќе се решава со делба.“

Според него идејата за поделба на Косово не е идеја ниту на македонските ниту на косовските Албанци:

„Опцијата поделба на Косово е само една од варијантите коишто им одговара на одредени кругови во Белград, Косово да не биде дадено така како што е сега, од чисто политички причини, да се каже дека од тоа што Косово е изгубено нешто е и добиено. Таа логика им одговара од политички причини на некои кругови во Белград, за жал дел од нив се дел и од официјалната политика на Србија.“

За разлика од Руси академик Блаже Ристевски смета дека опцијата за поделба на Косово не е нова и оти е иманентна на албанскиот политички фактор поддржан од меѓународната заедница:

„Тоа е степен во стремежите на албанските народни интелектуалци, кон конечното разделување на Албанците од Македонците.“
XS
SM
MD
LG