Достапни линкови

Калифорнија: Продолжува битката со огнената стихија


Илјадници пожарникари ја продолжуваат битката со огнената стихија во Јужна Калифорнија и Северен Мексико. Досега најмалку 15 луѓе загинале, а над илјада објекти изгореа во пожарот, кој сеуште не е ставен под контрола. Американскиот претседател Џорџ Буш прогласи вонредна состојба во Калифорнија и ги повика федералните власти да им помогнат на локалните, особено во реоните на Лос Анѓелес, Сан Бернардино, Сан Диего и Вентура.
XS
SM
MD
LG