Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Буш оцени дека нападите во Ирак се за да запре прогресот


Американскиот претседател Џорџ Буш оцени дека силите на отпорот во Ирак ги интензивираат нападите поради напредокот во политичката стабилизација и демократијата во земјата. Терористите убиваат со цел да го запрат прогресот, а наша задача е да ги изведеме пред лицето на правдата, изјави Буш по вчерашните самоубиствени напади во Багдад кога загинаа 40-тина луѓе, а над 200 беа повредени. Државниот секретар Колин Пауел ги повика Црвениот крст и другите меѓународни агенции да не го напуштаат Ирак, бидејки тоа би значело дека победил тероризмот.
XS
SM
MD
LG