Достапни линкови

logo-print

Слаб интерес за културата и уметноста


Односот кон животот го определуваат мотивите, вели еден скопјанец кој во таа смисла зборува и за интересот меѓу луѓето во Македонија да посетуваат културни манифестции:

„Апатија има, целата ситуација, безбедносна како што е се одразува и на луѓето.“

Со таквото мислење се согласуваат голем број соговорници:

„Луѓето се надвиснати со проблеми, социјални, економски, има поважни егзистенцијални проблеми од културните манифестации. Затворени се луѓето и тоа придонесува.“

„Целата ситуација толку е лоша така што само еден мал сегемтн од луѓето може да ги користи тие придобивки на животот.“

„Во кино одам, на коценрти слабо, нема интерес.“


Професорот по социологија Весна Димитриова вели дека последното истражување што го спровело група професори покажало дека младите луѓе во Македонија времето почесто го поминуваат во кафулиња и пред телевизорот отколку во посета на некој културен објект. Објснувајќи ги причините за таквиот однсос таа вели:

„Културниот момент, односно, понатаму и матерјално, реалниот, односно можноста дали младите имаат слободно време, така што има многу фактори коишто влијаат.“

Голем број луѓе се соглсуваат дека мотивите на луѓето за убавите работи како што се уметнсота и културата ги убива секојдневието. Коментирајќи го интересот на државата кон овој сегмент од животот тие забележуваат дека понуда од содржини често има само во глвниот град, додека во остнатите места тие се сведуваат на инцидентни случувања.

„Не се толку важни парите, ако човек сака, ќе си најде пари, како што ќе најде за цигари, да оди во кафеана, на излет. Меѓутоа, понудата е слаба.“

„Кај нас во Неготино, понудата е слаба, нема ништо.“

Еден соговорник забележува дека државаат е таа којашто културата и уметноста ги става во втор план, протоа тој посочува пример на однос кон постоечките споменици на културата во земјава:

„Манастири, други објекти од општа култура пропаѓаа, нема одржување. Значи, немаме некој студиозен пристап за некои работи.“
Тон манстири пропагаат
XS
SM
MD
LG