Достапни линкови

Седум деца повредени


Седум деца побарале лекарска помош по во тепачката и инцидентите што настанаа изутрината во средното училиште „Арсениј Јовков“ во Скопје. Од нив две девојчиња се хоспитализирани:

„Двете се во добра здравствена состојба, со тоа што едната има лесни повреди, а другата има тешка повреда на кичмата.“

изјави дежурниот лекар во Градската болница Матев. Од раководствот на училиштето ќе биде побарана одговорност најавуваат во министерството за образование:

„Ќе мора да преземе мерки раководството на училиштето, зашто не смее вакви работи да се случуваат, посебно во вакви училишта што се почувствителни,“

вели државниот сектретар задолжен за средно образование Агим фазлиу. Според него основна причина за она што се случи изутрината е одлуката што директорот на училиштето Марјан Пулевски и помошникот Кадрие Дардишта ја донеле во саботата за промена на смените на албанските паралелки за која наставниците и учениците не биле доволно информирани:

„Четири паралелки од прва година коишто претходната смена учеле втора смена, се договориле да одат прва смена поради рамаданските постови. Овој договор е направен без да бидат информирани наставничкиот совет и учениците, без доволно подготовки и без да се консултира или информира министерството и за жал поради сето ова е случен еден потежок инцидент, каде што имало големи тензии меѓу учениците и професорите. Како резултат, дел од учениците излегле преку прозор и има повредени.“

Една од наставничкитѕе која се обидела да ја смири ситуацијата вели:

„Кога им беа зафатени местата кадешто учат, тие мирно излегоа и во холот застанаа. Меѓутоа, понатаму се разбудија страстите кај двете страни.“

Станува збор за недоразбирање што излезе од контрола:

„Јас мислам дека само од недоразбирање беше сево ова.“

Во меѓувреме полицијата го расветлува случајот во кој според истиот извор предизвиукувачите на тепачката се познати, а министерството не отстапува од одлуката за санкционирање на раководството на училиштето:

„Раководството кога носи вакви несмасни одлуки, мора да сноси и санкции и одговорност.“
XS
SM
MD
LG