Достапни линкови

Софија: Социјалистичката партија победник на локалните избори


На вчерашните локални избори во Бугарија, според првичнните официјални резултати, победила Социјалистичката партија која добила една третина од гласовите. На второ место е конзервативниот Сојуз на демократските сили, а на трето партијата на премиерот Симеон. Овие резултати, според аналитичарите, се сигнал дека социјалистите би можеле да издвојуваат победа и на парламентарните избори што треба да се одржат во идната година. Инаку, одзивот на вчерашните избори беше рекордно низок, дури шеесет и седум насто од електоратот не излезе на гласањето.
XS
SM
MD
LG