Достапни линкови

Багдад: Најмалку 18 загинати во неколку експлозии


Во денешните неколку експлозии во Багдад, според последните информации, загинале најмалку осумнаест лица. Во експлозијата пред зградата на Меѓународниот Црвен Крст што најверојатно ја предизвикал бомабаш самоубиец загинале десет, а биле повредени петнаесет ирачани. Американскиот генерал Марк Хертлинг соопшти дека денеска пред две полициски станици во Багдад експлодирале неколку автомобили при што имало неколкумина загинати. Абвтомобил бомба денеска експлодирал и во близина на полициската станица во Карк. Во овој напад, како што е соопштено, биле убиени тројца ирачани и повредени десет американски војници.
XS
SM
MD
LG