Достапни линкови

Брисел: Дводневна посета на Илинка Митрева


Размената на мислења за поднесување апликација за членство на Македонија во Европската Унија е главна цел на дводневната посета на шефот на македонската дипломатија Илинка Митрева на Брисел. Како што е соопштено во Скопје, Митрева ќе има одвоени средби со претседателот на Европската комисија Романо Проди и со еврокомесарите Хавиер Солана и Крис Патен на кои ќе стане збор за активностите на македонската влада за достигнување на критериумите за членство во Унијата.
XS
SM
MD
LG