Достапни линкови

logo-print

Лондон: Последен лет на „Конкорд“ преку Атлантикот


Надзвучниот авион Конкорд денеска треба да го изврши последниот лет преку Атлантикот. Со тоа и официјално ќе заврши дваесет и седум годишното користење на овој вид авиони. Бритиш Ервејс соопшти дека повлекувањето на Конкорд е поради големите трошоци за одржување. Најбрзиот патнички авион на светот релацијата меѓу Лондон и Њујорк је прелетуваше за три ипол часа, а повратниот билет чинеше единаесет илјади долари. Ер Франс последниот лет со Конкорд го изврши во мај годинава.
XS
SM
MD
LG