Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Сенатот го одобри легалното патување во Куба за американските граѓани


Американскиот Сенат му се придружи на Претставничкиот дом во одобрувањето на законот со кој им се овозможува на американските граѓани легално да патуваат во Куба. Овој закон сега треба да го потпише претседателот Џорџ Буш. Меѓутоа, од извори во Белата Куќа се дознава дека Буш ќе стави вето на законот со образложение дека од таквите патувања ќе профитира само режимот на Фидел Кастро, а не и кубанскиот народ. Во Соединетите Држави веќе четири децении се смета дека патувањето на американците во Куба претставува криминален акт.
XS
SM
MD
LG