Достапни линкови

Тирана: Нано нема да поднесе оставка


Албанскиот премиер Фатос Нано соопшти дека нема да поднесе оставка и покрај тоа што собранието не ги изгласа неговите предлози за двајца нови министри. Тој го обвини сопартиецот и поранешен премиер Илир Мета дека поради лични интереси се поврзал со опозицијата на Сали Бериша. Премиерот Нано објасни дека поради ваквата состојба во Социјалистичката партија, владата во наредните месеци ќе работи без министри за надворешни и за внатрешни работи.
XS
SM
MD
LG