Достапни линкови

Безбедносната состојба во поранешните кризни региони се подобрува


Според министерството за внатрешни и мисијата на ОБСЕ Во поранешните кризни региони безбедносната состојба се подобрува. Во прилог на оценката портпаролот на МВР Мирјана Контевска посочува:

„Полициски патроли од мешан етнички состав се присутни секаде, особено во поранешните кризни региони. Потоа, соработката со граѓаните е подобрена во голема мерка, за што показатели се и се почестите нивни пријавувања на настани, како и доставување на сознанија за разрешување на одредени безбедносни проблеми. Потоа имавме отворање на реконструирана полициска станица во село Жеровјане. Се планираат активности за отворање нова полициска станица во Арачиново и во Матејче. Исто така, имаме и интензивна борба и против трговијата со луѓе, за што имаме и меѓународни призанија. Потоа, на планот на недозволена трговија и шверц со дрога исто така имаме значителни резултати, редовни контроли по угостителските објекти како и сообраќајни патроли, при што во не мал број случаи имаме пронаоѓано нелегално оружје а исто така и откривање на илегален престој на странски државјани во Република Македонија“

Сепак додава Контевска, иако велиме дека безбедносната состојба се подобрува:

„Но, тоа не значи дека секаде во поранешните кризни региони не се среќаваме со потешки облици на криминал. Во тек се оперативни активности за пронаоѓање и предавање пред надлежните институции на познатите Бреза, Чакала и Хисеини Џемаил“

Оценката за подобрување на состојбите на теренот ја дава и ОБСЕ Според портпаролот на мисијата Изабел Де Рут основниот показател е фактот што:

„Новотренираните мултиетничките полициски патроли се секаде присутни спроведувајќи ги законите, а соработлката со локалното население е добра.“

Своевидна потвда за подобрување на стабилноста , смета ОБСЕ, дадоа и недоамнешните инциденти во кумановско:

„Се разбира тие претставуваа напната ситуација за земјава но воедно тие покажаат дека дури и настани од таков тип немаат пошироко влијание врз безбеднопста на целата земја. Тие останаа локализирани на одредена област,“

вели портпаролот Изабел Де Рут.
XS
SM
MD
LG