Достапни линкови

Сараево: Денеска ќе биде погребан Алија Изетбеговиќ


Поранешниот претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ, кој почина во неделата, ќе биде погребан денеска во Сараево. На религиозната церемонија се очекува присуство на над 100 илјади луѓе. За босанските муслимани Изетбеговиќ е татко на нацијата и херој кој ги одбрани од српската агресија, додека пак босанските срби го сметаат за муслимански фундаменталист и одговорен за насилствата против србите.
XS
SM
MD
LG